Home / СУС Велес / Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес трети во Република Македонија

Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес трети во Република Македонија

Во периодот на 30-31.3 и 1.4.2017 година во Прилеп се одржа државното првенство во одбојка за средните училишта (машки) во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. На него учествуваат 6 екипи од регионите Исток, од каде доаѓаат екипите на СОУ “Никола Карев“ Струмица и ССОУ “Коле Неделковски- Велес, потоа од Скопскиот регион, од каде доаѓаат екипите на Спортската гимазија „Методија Митески Брицо“ и СГГУ„Здравко Цветковски“, а Западниот регион го претставуваат екипите од СОУ “НН-Борче“ од Крушево и домаќините од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп.

„Прилеп отсекогаш бил лулка на училишниот спорт, особено во последниве неколку години, а тоа се должи пред сена големата поддршка која ја добиваме од локалната самоуправа, Агенцијата за млади и спорт како и од Федерацијата на училишни спортови на Македонија. Тука се одржуваат безброј првенства без разлика дали тие се од општински, регионален или државен карактер. Прилеп е голем расадник на таленти, без разлика дали станува збор за индивидуални или поединечни спортови. Се надеваме дека еден ден овие деца кои ги гледаме тука на ваквите натпревари достојно ќе не претставуваат и во повисоките лиги како и на репрезентативно нивно во Европа и светот“, истакна Здравко Ристеси, претседател на сојузот на училишни спортови од Прилеп.

Државното првенство за отворено го прогласи градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески. Организаторитеја повикаа прилепската публика да ги проследи 11-те натпревари кои ќе се одржуваат во споменатите три дена, а во сабота на 1.4.2017 год. со почеток во 10 часот се одигра натпреварот за третото место во кои се сретнаа екипите на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес и СГГУ„Здравко Цветковски“ – Скопје каде што подобро беа учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес со резултат 2 :0 во сетови , а во 11 часот во финалето се сретнаа СОУ “Никола Карев“ – Струмица и Спортската гимназија “ММ-Брицо“ – Скопје, каде што подобри беа струмичките одбојкари со 3 :0 во сетови.

„Безрезервна е поддршката на локалната самоуправа на Прилеп на училишниот спорт. Благодарение на Федерацијата на училишни спортови на Македонија и Сојузот на училишни спортови од нашиот град денеска сме домаќини на ова државно првенство. Тука ќе продефилираат доста квалитетни млади спортисти. Целта на овие манифестации е младите и да се дружат помеѓу себе и секако да победат најдобрите. Некој од овие таленти со сигурност ќе го носи и националниот дрес. Прилеп отсекогаш бил добар домаќин,така ќе биде и овие денови. Во текот на годината кај нас се организираат голем број на спортски натпревари во различни дисциплини, со што Прилеп се издигнува на пиедесталот на еден од најспортските градови во Македонија. Целта е преку овие училишни спортови младите да ги остават модерните пороци и да имаме психофизички здрава младина која ќе биде иднината на Прилеп и Македонија“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Треба да се нагласи дека за екипата на ССОУ “Коле Неделковски “ Велес на ова државно првенство ја сочинуваа: Филип Ајдаров 3-7 клас, Ѓоре Цветков 3-5 клас, Даниел Тодоровски, Илија Илиевски, Сашко Ангеловски, Никола Зазов од 2-6 клас, Драган Кимовски од 1-5 клас и двете засилувања Бојан Владов и Филип Кнапиќ предводени од м-р Ангелче Гушев наставник по спорт и спортски активности во ССОУ “Коле Неделковски3 – Велес.
И на крај треба да искажеме голема благодарност на Општина Велес и СУС Велес за поддршката која што ја дадоа за учеството на ова Државно првенство во одбојка за младинци.

м-р Ангелче Гушев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu