Home / СУС Велес / Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ трети во државата во одбојка на песок

Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ трети во државата во одбојка на песок

На 1.6.2017 год. (четврток) во Скопје во организација на Федерацијата на училшен спорт на Македонија се одржа државното првенство во одбојка на песок за средните училишта (машки). Натпреварите се реализираа на терените на СУГС “Никола Карев“. На државното првенството учествуваат екипите на СОУ “Никола Карев“ од Струмица, ССОУ “Коле Неделковски од Велес, потоа екипите на Спортската гимазија “Методија Митески – Брицо, СГГУ„Здравко Цветковски“ и домаќините од СУГС “Никола Карев“.

По разигрувањето во првата фаза за финалните натпревари се пласираа екипите на “Никола Карев“ од Струмица и Спортската гимазија “Методија Митески – Брицо, а за третото место разигруваа екипите на СГГУ„Здравко Цветковски“ и ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес. Првото место им припадна на екипата од Струмица, второто на Спортската гимназија од Скопје и третото на екипата од Велес.

Треба да се нагласи дека за екипата на ССОУ “Коле Неделковски “ Велес на ова државно првенство ја сочинуваа: Филип Ајдаров 3-7 клас, Ѓоре Цветков 3-5 клас, Илија Илиевски и Сашко Ангеловски од 2-6 клас предводени од м-р Ангелче Гушев наставник по спорт и спортски активности во ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес.  Учеството на оваа државно првенство на екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ беше поддржано од Сојуз на уќилишен спорт на Велес и Општина Велес

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu