Во организација на Сојузот на училишен спорт на Велес, на 22.10.2026 год. (четврток) се организирааше општинската лига во одбојка (машки) за средно образование. Натпреварите се одиграа во спортската сала при ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ во Велес.
Во финалниот натпревар кои се одржа помеѓу екипите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ и СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ подобри беа одбојкарите на СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ кои победија со 2:0 во сетови.
За екипата на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ -Велес настапија: Драган Ставрев 4-1, Лука Панов 4-6, Матеј Амбарков 4-5, Стефан Димовски 3-8, Кристијан Коцевски 3-8, Марјан Мацис 3-6 Кристијан Јанушев 3-9, Константин Неделчев 3-6, Павел Димовски 2-1 и Мартин Стојанов 4-1
Одбојкарската екипа ја предводеше наставникот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев. Со оваа екипата на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“. Натпреварите ги судеше интернационалниот одбојкарски судија Орданче Амбарков.

Kineziologija.mk кинезиолошка едукација , кинезиолошка рекреација, кинезитерапија и спорт !!!



