Home / СУС Велес / Одбојкарите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ први во Република Македонија

Одбојкарите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ први во Република Македонија

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија на 29.5.2025 год.(четврток) на песочните терените при СЦ “Гемиџии“ во Градскиот парк во Велес со одржа Државното првенство во одбојка на песок во машка и женска конкуренција. Домакин на ова државното првенство беше СОУ Гимназија “Кочо Рацин“ од Велес.

Во женска конкуренција конкуренција беше постигнат следниот пласман:
Прво место: СУГС “Гимназија Никола Карев“ – Скопје
Второ место: СОУ “Ѓорче Петров“ – Прилеп
Трето место: СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ – Велес
Четврто место: СОУ “Наум Наумовски – Борче“ – Пробиштип

Во машка конкуренција беше постигнат следниот пласман:
Прво место: ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ – Велес
Второ место: СОУ “Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје
Трето место: СОУ “Наум Наумовски – Борче“ – Пробиштип
Четврто место: СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ – Велес

Одбојкарската екипа на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ – Велес ка сочинуваа следните ученици:
Давид Николов 3-7 клас, Дарко Жабев 3-6 клас, Драган Ставрев 2-1 клас и Бојан Анишиќ 3-6 клас. Одбојкарската екипа ја предводеше професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*