На 23.4.2025 год. (среда) во спортската сала при ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ во Велес со се одржа Државното првенство во одбојка машки за средни училишта. Државно првенство беше организирано под покровителство на Федерацијата на училишен спорт на Македонија. На првенството учествуваа следните средни училишта: ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес, СОУ “Јане Сандански“ од Струмица, Гимназија “Раде Јовчевски –Корчагин“ од Скопје и СОУ Гимназија “Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово.

На државното првенство беа постигнати следните резултати:
ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес – 0
СОУ “Јане Сандански“ од Струмица – 2
ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес – 2
СОУ Гимназија “Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово – 0

Гимназија “Раде Јовчевски –Корчагин“ од Скопје – 2
СОУ Гимназија “Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово – 0
Гимназија “Раде Јовчевски –Корчагин“ од Скопје – 0
СОУ “Јане Сандански“ од Струмица – 2

Табела:
Прво место: СОУ “Јане Сандански“ од Струмица
Второ место: Гимназија “Раде Јовчевски –Корчагин“ од Скопје
Трето место: ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес
Четврто место: СОУ Гимназија “Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово

За екипата на ДСУ РСЦОО “Коле Неделковски“ – Велес ја сочинуваа: Давид Николов 3-7, Дарко Жабев 3-6, Драган Ставрев 2-1, Баже Николов 4-6, Петар Неделчев 3-5, Лука Панов 2-8, Матеј Амбарков 2-7, Стефан Димовски 1-8, Бојан Анишиќ 3-6 , Марко Ангелов 3-6 и Кристијан Коцевски 1-8. Екипата ја предводеше професорот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев.



