По повод Меѓународниот ден на спортот и мирот – 6 Април, во ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес се одржа трибина на тема “Потребата од спортско-рекреативните активности кај младите“. Трибината ја водеше м-р Ангелче Гушев , наставник по спорт и спортски активности и на самата трибина земаа учество педесетина ученици. На трибината беше презентирана Резолуцијата на Генералното Собрание на Обиденетите нации преку која овој ден 6 Април е прогласен за Меѓународен ден на спортот и мирот. Беше искажано дека преку спортот се манифестираат и највредните особини кај луѓето, како што е истрајноста , дисциплината и личниот интегритет и фер плејот. Во разговорите со учениците беше истакнато дека спортот има единствена моќ за сплотување на сите луѓе во светот и тој е моќно средство за постигнување на мир во светот. Спортот ги поврзува лугето , а етничките, верските и економските поделби под влијание на спортот паѓаат во сенка заедно со сите предрасуди и недорабирања. Беше истакнато дека редовната физичка активност и играта како средство се неопходни за физичкиот, менталниот, социјалниот и психолошкиот развој на младите. На оваа трибина беше и преставен училишниот спортски клуб “Коле Неделковски“ – УЗУС и неговите програмски активности , а воедно беа и разгледани сите можности за вклучување на сите ученици при нашето училиште во организирано планинарење, престој во природа и велосипедизам и организација на турнирски натпревари во футсал, кошарка, ракомет и одбојка помегу класовите на ниво на сите четири генерации во училиштето.
Повеќе фотографии на:
https://www.facebook.com/ssoukolenedelkovski/media_set?set=a.10153243756494662.1073742084.808624661&type=1&pnref=story
м-р Ангелче Гушев