Home / СУС Велес / Нов систем за греење и ладење во салата на ССОУ “Коле Неделковски“

Нов систем за греење и ладење во салата на ССОУ “Коле Неделковски“

Значително подобрени условите за настава по спорт и спортски активности во средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ во Велес. Денес 13.12,2016 год. (среда) беше пуштен новиот систем за греење и ладење во спортската сала. Реконструкции се извршија и на електричното осветлување, покривнот, приспатниот дел, а заменети се и сите прозори.
„Задоволни сме од реализацијата на целокпниот проект. Ова е само уште еден доказ дека работиме на унапредување на условите за настава, а секако во таа насока ќе продолжиме и во иднина. Со денешниот настан практично училиштето исполнува високи критериуми за настава и станува едно од водечките во државата на тоа поле„ рече Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев.
Целокупната инвестиција изнесува 26 000 евра, а заеднички ја реализираа Општина Велес и ISAID.
Денешниот настан е дел од активностите за одбележување на патрониот празник на училиштето. Во склоп на манифестацијата се одржа и саем на храна „Вкусот не спојува“. Пред присутните беа презентирани специјалитети од повеќе етнички заедници кои се застапени во училиштето.

Извор:https://www.facebook.com/pg/cadievslavco

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu