Home / Спортски настани / Најбрзата жена на светот, што ја криеше страшната тајна помеѓу нозете …

Најбрзата жена на светот, што ја криеше страшната тајна помеѓу нозете …

stelaИ покрај тоа што сега е речиси сосема заборавена, Станислава Валасјевиќ (Стела Волш) беше голема спортска  феноменална појава на почетокот на 20 век. Таа се натпреваруваше во атлетските дисциплини, кошарка, софтбол, па дури и во уметничко лизгање. Таа освои златен медал на 100 метри на Олимписките игри во 1932 година и сребро четири години подоцна. Таа има поставено дури 20 светски рекорди во време кога на жените едвај им било дозволено да излезат од дома. Откако отиде во пензија, таа работеше како спортски тренер во Кливленд, пред да загине трагично во 1980 година во случаен грабеж на банка. Јавноста беше шокирана со нејзината смрт, но вистинското изненадување следеше кога беа бјавени резултатите од обдукцијата кои ја откриле тајната на која што Стела со децении живеше. Станислава Валасјевиќ (Стела Волш) е родена во Полска, но како мала со своите родители заминува во САД, каде што од рана возраст почнала да занимава со атлетика, особено со трчањето. За нејзиниот 21 роденден, таа го промени своето име во Стела Волш и зеде американско државјанство и останува да живее во Кливленд. Но сепак, без обзир на тоа што земала американско државјанство на Олимписките игри се натпреварувала за неизината родна Полска, пишува порталот Allday.com.
“Најбрзата жена во светот”
Стела Волш наскоро станува позната во светот како “најбрзата жена на светот”. Во текот на 30-тите години суверено владееше во повекето тркачки дисциплини, со освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1932 година на 100 метри со резултат од 11,9 секунди што беше и нов светски и олимписки рекорд. Таа учествуваше и во дисциплината фрлање диск каде што го освои 6-тото место со 33,60 метри.
Потоа се редат многу успеси, а воедно немаше големи светски натпревари на кој оваа спортистка не учествувала – Европското првенство, Светското првенство, Олимписките игри … Покрај тоа што е доминирала во тркачките дисциплини Стела триумфирала и во фрлање на диск и фрлање копје, скок во далечина, софтбол , но таа се обидела и во натпреварите во уметничко лизгање . Таа успела да собори 51 полски рекордот , 18 светски и осум европски рекорди.
По една деценија, исполнета со триумфи Стела Волш се повлекува од натпреварувањата и започна да работи како спортски тренер. Кратко време во 1947 година, била во брак со американски боксер Нил Олсон. Во подоцнежните години, Стела се вработила во еден бар во Кливленд. Иако веќе газеше во седмата деценија од животот сеуште имала атлетскио тело и била во целосна форма. Сепак, косата почнала да и паѓа и таа морала да носи перика. Нејзиниот живот заврши трагично на 4 декември 1980 година, и тоа во банката за време на грабеж. Тоа беше шок за сите љубители на овие спортисти.
Сепак, вистинското изненадување следело … на голема тајна на Стела Волш.
Околу кариерата на Стела Волш циркулираат разни приказни, поврзани со нејзината сексуалност, но тие се повеќе се поврзани со нејзините извонредните достигнувања и фактот дека таа изгледала доста машки. Но немало докази кои ќе потврдат дека таа всушност лажира околу нејзиниот пол.
И тогаш доаѓа шокот ! Преку аутопсија е утврдено дека Стела Волш има машки гениталии, но исто така и некои женските карактеристики! Тука станува збор за за генетско нарушување познато како “мозаицизам“ каде што во телото постојат две комбинации на хормони XX и XY.
Истражувачот Самуел Гербер констатирал дека Волш имала вагина и мал неразвиен и нефункционален пенис и дека таа немала матката. Со цел да се избегне голем скандал во јавноста, Гребер се обидел да го објасни овој необичен медицински феномен.

– Социјално, културно и правно, Стела Волш беше прифатена како жена 69 години. Таа живееше и умре како жена – истакна истражувачот. Сепак, контроверзноста остана до денес. Започната е долгогодишна дискусија за отстранување на Стела Волш на листата на носители на олимписки медали, но подоцна се повеќе модерни медицински истражувања покажаа дека луѓето родени со “мозаицизам“ не е можно да се утврди биолошкиот пол, но од клучно и пресудно значење е како тие се воспитувани и одгледани.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu