Home / СУС Велес / Национален атлетски крос

Национален атлетски крос

kros2Во заедничка акција на Министерство за образовани и наука, Агенцијата за млади и спорт, Федерацијата за училишен спорт, Атлетската федерација на Македонија и Сојузот на спортски федерации денеска на кејот на реката Вардар почна најмасовниот училишен крос од независноста на Република Македонија со учество на околу 4.000 илјади учесници. Тој се одржана на 16.5.2014 год. (петок) во Скопје на Кејот на реката вардар.
Кросот свечено го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески кој во своето обраќање уште еднаш ја повтори заложбата на државата за унапредување на спортот меѓу најмладите.
– Задоволство е кога на едно место ќе бидат огромен број на ученици кои што сакаат да спортуваат и да се натпреваруваат. Присуството на околу четири илјади ученици кои ќе се натпреваруваат меѓу себе доволно говори колку е голема желбата за спортување. АМС водејќи грижа за развој и популаризација во спортот настојува да се приближи до современите светски текови за унапредување на спортот во државата. Спортот има големо влијание врз младите луѓе, особено во нивниот правилен развој и развивање од психо-физички аспект, рече Спасески.
Тој нагласи дека Агенцијата за млади и спорт настојува во спортот да вклучи што е можно поголем број ученици, а за таа цел, како стимул се воведени спортските стипендии и летни кампови.
– Наша примарна цел ќе биде во следните три години да го зголемиме бројот на ученици кои ќе спортуваат, од сегашните 30.000 на преку 100.000 ученици до 2016 година. Во таа насока, воведовме 500 стипендии за млади надежни спортисти, кои во иднина треба да израснат во спортски репрезенти на државата. Истовремено, секоја година организираме летен училишен спортски камп, на кој учество ќе земат најдобрите спортски училишни екипи и најдобрите учениците поединци во индивидуалните спортови, кои во текот на седум дена ќе имаат можност да тренираат и да ги учат спортските вештини од нашите најголеми спортски ѕвезди, потенцира Спасески.
На крајот од својот говор директорот на АМС ги потсети учениците дека во тек се уписите за „Спортската Академија“ за следната учебна година.
– Ги повикувам сите млади и талентирани фудбалери, кошаркари, ракометари и тенисери, воопшто да не се двоумат и да се пријават. Нашата крајна цел е вистински талентираните ученици да се вклучат во Академијата и како резултат на тоа, понатаму да бидат вклучени во некој од професионалните спортски клубови и да го носат националниот дрес на Република Македонија. На крај дозволете на сите учесници на оваа најмасовна манифестација во училишниот спорт да им посакам успешни трки и преку фер-плеј да победи најдобриот, им се обрати на присутните Марјан Спасески.
За најуспешните во индивидуална и екипна конкуренција организаторот на трките обезбеди медали.

ИЗВОР: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu