Home / СУС Велес / Меѓународен училишен спорт во Велес и Новогард

Меѓународен училишен спорт во Велес и Новогард

Средното училиште “Коле Неделковски“ како домакин  на  средното училиште   “Станислав Сташица“- Новогард од Република Полска на 26.5.2017 год. (петок)   организираше спортски натпревари помегу учениците од двете училишта.   Во рамките на спортските натпревари се организираа натпревари во футсал, кошарка и одбојка.

Натпреварите се одржаа во машка конкуренција и беа  од спортско-рекретативен карактер,  но сепак домакините беа минимално подобри.  На крајот  од натпреварите ученичките екипи на средното училиште “Станислав Сташица“  за големата фер плеј игра го добија  “Големиот пехарот“ за покажани   успешни спортски  рзултати помегу двете наши збратимени училишта.

Трба да нагласиме дека  истовремено во збратименото училиште „Станислав Сташица“- Новогард од Република Полска каде што моментално се наоѓаат учениците на ССОУ “Коле Неделковски“, се организираа спортски натпревари во футсал каде што учениците од ССОУ “Коле Неделковски“  го освоија пехарот за спортски достигнувања.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*