Home / Стручни Теми / Креативна визуелизација во спортот

Креативна визуелизација во спортот

krunic-aleksandra-paragvajКреативната  визуелизација преставува свесен и творечки начин на сопствено креирање на позитивни слики , кои ги чуваме и реализираме во сопствената глава , оплеменувајќи ги со позитивни и поддржувачки емоции.

–    Визуелизацијата всушност значи да гледаме позитивно со сопственото внатрешно духовно око. Замислувајќи нешто јасно во сопствената глава почнувајќи до најситните детали, наместо да ја растураме енергијата на фантазии. Можеме да ги насочиме мислите кон процес на размислување и мислите да ги претвориме во непресушен извор на сопствен напредок
–    Големите  имиња во спортот многу одамна се запознати со важноста и знаењето на креативната визуелизација за постигнување на значајни спортски резултати
–    Научно е докажано дека постојаното размислување за нови техники и можности за постигнување на целта, влијаат на поинаква стимулација на мускулните влакна и на постигнувања на некогаш неочекуваните успешни спортски  резултати во однос на физичките  и генетските предиспозиции.
–    Ако замислувате дека брзо трчате, скокате подалеку, ја фрлате топката во точно одредената цел, вашите мускули ќе бидат стимулирани дека навистина тоа и го работат.
–    Ако размислувате во насока на поставување на светски рекорд, мускулите ќе бидат поттикнати да се развиваат за еден степен погоре на скалата на напредокот
–    Значи процесот на визуелизација на спортскиот успех во многу сегменти може да помогне да реално и дојде до него
–    Со визуелизацијата на спортскиот успех најлесно ќе успеете да  постигнете различни техники на креативна визуелизација. Таа е мост помеѓу желбата и реалното остварување.

Позитивните мисли привлекуваат позитивни случувања …

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu