Home / Спортски настани / Кој е човекот кој “не даде поддршка“ – чудна приказна за еден белец на една од најпознатите фотографии

Кој е човекот кој “не даде поддршка“ – чудна приказна за еден белец на една од најпознатите фотографии

norman“Верувај на своите очи”, ова е познатата реченица која многумина  ќе ги научат како да живеат. Сепак, она што го гледаме може да не измами . Понекогаш таа измама може да се случи  со намера, но некогаш случајно и непредвидливо. Тоа е причината зошто секогаш треба да ја бараме за суштината. Прекрасен пример за ова е една  од најпознатите спортски фотографии на сите времиња.
Мексико Сити. Олимписките игри во 1968 година. На подиумот по финалето на 200 метри, тројца натпреварувачи, атлетичари. Двајца се  американци. Злато за Томи Смит и бронза за Џон Карлос. Се  искачуваат на пиедесталот без чевли. А потоа, откако ги добиваат  медали, подигаат  стегнати тупаници. На тупаниците  црни ракавици. Тоа беше силна порака за поддршка на човековите права, на која што црнечката популација во САД  исклучително повикуваше во “таа црна 1968 година“, во која во САД веќе бише убиен Мартин Лутер Кинг и Боби Кенеди, сенаторот кој се залагаше за нивните права, а воедо  сакаше  да  стане претседател, како и неговиот постар брат, Џон кои исто така беше убиен.
Тоа што  Карлос и Смит го сторија беше многу храбро. Поради тоа што го сторија тие по нивното враќање беа пречекани на  речиси голем линч, но секако и на казни. Подигнување на гласот  против репресијата на  таков  голем  настан  не можеше да помине без последици.

Но на  таа фотографија беше некој друг. Еден белец. “Тој човек, секако, не се согласува со нив”, би си помислил секој нормален  човек. Логиката така налага. На крајот на краиштата, тој не функционира и не манифестира исто како нив , нели?
Но овој човек , во тој момент, а потоа и последици од тој момент кој го следеа, тој човек останува поголем  херој од Џон Карлос и Томи Смит.
Неговото име е Питер Норман. Австралијанец. Во тоа време и во Австралија имало остри апартхејд закони, како и оние во Јужна Африка. И таму имало големи протести поради забраната за доаѓањето на емигранти кои не се белци, а воедно и  страшна дискриминација за локалното  Абориџанско население, на кои дури им се одземале децата за да бидат израснати во бели семејства.
“Да, Питер Норман не зеде учество во  протестот на двајца колеги атлетичари, дури тој беше против тоа!”
На некому логично ќе се наметне  тој заклучок. Уште еден погрешен заклучок.
Норман изненади многумина во полуфиналето. Тој истрча 200 метри за 20,22 секунди. Само Смит и Карлос беа подобри. Во финалето, сепак, се сметаше за аутсајдер. Сепак, на чудесен начин истрча, особено финалните и завршни 100 метри. Го престигна Карлос и го освои сребрениот медал, а резултатот од 20.06 секунди и ден денешен по 47 години подоцна е национален рекорд за Австралија. Златниот  Томи Смит со 19.83 постави нов светски рекорд.
Ниското момче со само 168 см, пред да оди на подиумот, оствари разговори со американските спринтери, кои со својата  висина од  190, успеа  да победи и да ги спречи да ги освојат првите две места.
“Дали верувате во човековите права?”, го прашаа.
“Јас верувам.”
“И во Бог?”
“Многу”.
“Она што ќе сториме …”, му рекоа  и му го  објаснија нивниот  план за протестирање”, … повеќе од било кое атлетско достигнување.”
“Јас сум со вас”, им рече малиот  Австралијанец .
Тие се целосно беа збунети.
“Се сеќавам, јас  очекував  да се види страв во очите  и наместо тоа јас видов љубов”, се потсетува Карлос.

Американската спринтери првично се решиле  да закачат беџ (значка) “Олимпикски проектот за човекови права” беџ кој означуваше и припадност на движењето за еднаквост во спортот. Тие сакаа да излезат боси во нозе без патики, како би ја симболизирале сиромаштијата на црнечкото население. Тогаш се сетија и црните ракавици, уште еден распространет симбол, кој беше воведен од  партија “Црните пантери“ во САД . Сепак, тие имале само еден пар.

“Нека секој од вас да се земе по една ракавица”, им  понуди решение Питер Норман.
Радосно го послушаа, но потоа тој имаше и дрго  барање.

“Јас верувам во она во кое и вие верувате. Дали имате еден  таков  беџ и за мене? Па јас  можам  да ви дадам поддршка” Беџ пронајдоа кај еден  трет  олимпиец од САД, Пол Хофман.

“Кога ми кажаа што  побарал  Норман, си помислив,” Па, ако белец од Австралија бараат беџ  тогаш, здравје боже , веднаш  и го добива. Му го дадов единствениот кои ги имав. Се секава Пол Хофман.
Сем Питер Норман не можеше се да види на подиумот она што Американците го  направат  зад неговиот грб. Тој стоеше гордо, со значка. Но, тој знаеше што се случува. “Се  беше јасно, од разговорите и договорите со нив, од нивните планови. И тоа беше јасно дека овие планови во акција кога гласот што ја пееше американската химна почна  да исчезнува. Тој беше тивок. И се исчезнаа. Целиот стадион молчеше “.
Смит и Карлос веднаш беа веднаш суспендирани од олимпискиот тим на САД, а воено беа  исклучени од Олимпиското село, а веслачот  Хофман беше обвинет за соработка. Кога спринтерите пристигна назад во САД, добија  голем број на смртни закани , а имало  и сериозни последици по нив.
Тие  сепак се  потпраа на поддршката на себе сличните. Тие го протурка тој ужасен период. Тие со право станаа херои. Дури и пред Државниот универзитет во Сан Хозе Стејт им е подигната заедничка статуа. Само на таа статуа го нема  Питер Норман. Тој не постои. Дури и во Австралија е “избришан”. Тој беше заборавен. Апартхејдот не простуваше на оние кои го кренаа својот глас против него.
Иако Питер Норман  беше сопственик на национален рекорд, тие не сакаат да го однесе на следното олимписки игри во Минхен во 1972 година. Австралија не го поведе, иако тој ја собори квалификациската олимписки норма на 200 метри дури 13 пати повеќе , а за трката на 100 метри дури  во пет наврати беше најдобар.
Разочарани, тој ги напушта натпреварувањата во атлетика, останува само аматер. И покрај тоа наидува на одфрлање. Семејството се откажува од него. Тимските колеги исто така но и атлеткиот сојуз на Австралија. Поради повреда со која се здобил работејќи како касап се здобива со  гангрена, што кај него доведува до депресија, на моменти и голем алкохолизам.
“Додека ние добивавме голема поддршка, Питер остана сам наспроти целата држава. Патеше и страдаше  сам,  се присетува Карлос.
На Питер Норман од Австралискиот олимпискиот комитет му понуди работа и тоа директно во Комитетот, но под услов да го осуди  потегот на неговите колеги, Џон Карлос и Томи Смит. Тој на тоа не се согласи. За тоа ја плакаше цената со години. Со децении.
Иако тој беше и остана државен  рекордер, цената  за својот потег од 1968 ја  плати и во 2000 година, кога не бешее поканет на Олимписките игри во Сиднеј чиј  домаќин беше. Повик за Сиднеј доби  од легендарниот американски спринтер Мајкл Џонсон, олимпискиот шампион, за кој Питер Норман беше  пример за херој, а го повика на својот роденден, два дена пред почетокот на Игрите.

“Тој со целиот свој живот ја плати цената на неговиот избор”, рече Том Смит. “Тоа не беше само обичен гест, кој ни даде поддршка, тоа беше неговата борба. Лично негова борба. Тој беше белец, бел  австралијанец, кој со два црни мажи стоеше заедно во тој победнички момент. Сите тројца заедно, во името на една истата цел. “Шест години по Игрите во Сиднеј, во 2006 Питер Норман почина од срцев удар. Не дочека  државата да му се извини за третман низ кој  што помина. Тоа беше направено во 2012 година, во австралискиот парламент.
norman3На погребот, скромен за херој како него и неговата големина, ковчегот беше носен од  двајца мажи кои од многумината  кои беа таму, во тоа време не ги познаа, а тие  на ссвоите рамења го  го носеа  Питер Норман. А тоа беа Томи Смит и Џон Карлос. Видете ја сега  повторно една од најпознатите фотографии на сите времиња. На прв поглед  моќна, но во исто момент ја крие полната  вистината. А вистината е убава. Важно. Во неа е  суштината.
Трагајте  во суштината, не само за она што може да се види . Така се постанува херој. Примерот на  Питер Норман отсега да биде ваш  потсетник на тоа.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu