Home / Спортски настани / Меѓународна конференција “Истражување во физичкото образование, спортот и здравјето“

Меѓународна конференција “Истражување во физичкото образование, спортот и здравјето“

20160603_134242Во периодот од 3-5.6.2016 год. во Скопје во хотелот Континентал се одува Втората по ред меѓународна научна конференција „Истражување во физичкото образование, спортот и здравјето“, каде што експерти од 14 европски држави ги презентираа своите научни трудови и ги пренесоа своите искуства за значењето на спортот и неговата улога во образовниот систем. На конференцијата се расправаше и за педагошките аспекти на физичкото образование, морфофункционалните промени  во модерното време, појавата на модерните болести поради недостаток на спорт, селекција во спортот и превенција на повреди. На самата конференција учество зема и делегација на Сојузот на училишен спорт на Велес со 25 преставници наставници и професори по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности од Велес. Во рамките на оваа делегација беа и професорите по спорт и спортски активности при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес и тоа: м-р Ангелче Гушев, Леонид Таневски и Златко Здравковски
На оваа меѓународна научна конференција се обрати и заменик министерот за образование и наука  Спиро Ристовски каде што истакна дека Р. Македонија има навистина со што да се пофали кога станува збор за спортот. Тој посочи дека со најновите реформи Македонија е лидер во регионот по бројот на часови по физичко воспитување кои се воведени во образовниот систем.
-Не станува збор само за имплементација на еден дополнителен час во настанува, туку станува збор за градење на нови генерации, на еден начин за прогресија во животниот стил, пред се од аспект на здравје, правилен раст и развој на учениците, рече Ристовски.
Посочи дека многу значајно за развојот на спортот е и формирањето на Спортската академија во која се опфаќаат сите спортски таленти и се работи на нивен развој и усовршување,  формирањето на Институт за спорт и после 40 години изградба на нова зграда на Факултетот за  физичко образование.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски дополни дека дел од реформите кои се спроведуваат и проектите што се реализираат е и континуираното усовршување на наставниците по физичко образование во основните и средните училишта, но и изградбата на нова спортска инфраструктура во основното, средното и високото образование. Реализирани се, рече тој, голем број инфраструктурни проекти преку изградба на осумдесетина спортски сали, шеесетина повеќенаменски спортски игралишта и осумдесетина теренски терени.
– Сето ова е во насока на подобрување на основата за да може да се изведува наставата по физичко образование, но и да се обезбедат максимални услови за нашите спортисти кои професионално се занимаваат со спорт, рече Спасески.министер
Вуица Живковиќ, декан на Факултетот  за физичко
образование, спорт и здравје информира дека конференцијата се одржува втора година и изрази надеж дека таа ќе стане традиционална.
Додаде дека акцентот на оваа меѓународна конференција е на педагошките аспекти на физичкото образование, морфофункционалните промени во модерното време, модерните болести од аспект на спортот на селекцијата во спортот, превенција на повреди.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu