Home / Спортски настани / Коби Брајант низ стихови го најави своето заминување

Коби Брајант низ стихови го најави своето заминување

la-sp-kobe-bryant-frustration-20130413-001Мега ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс и еден од најголемите легенди на клубот, но и во историјата на кошарката и спортот воопшто, Коби Брајант, официјално потврди дека оваа сезона е последна во неговата кариера. Тој тоа го соопшти преку поратлот “The Players Tribune на кој што ја напиша и песната “Збогум Кошарко“ која ја пренесуваме во целост.

 

 

 

Драга Кошарко,
Од првиот момент
Кога започнав да ги замотувам татковите стари чорапи
Шутирајќи замислени шутеви за победа
Во големиот “Форум“ (поранешната сала на ЛА Лејкерси)
Знаев дека има вистина еден момент …
Се заљубив во тебе …
Те сакам така длабоко и ти дадов се што имам:
Мојот ум и моето тело
Мојот дух и мојата душа.
Шест годишно момче
Длабоко заљубен во Тебе
Никогаш не го видов крајот на тунелот.
Се видов само себе
Како трчам одеднаш.
И така сам трчам.
Го трчав само надолжо секој терен, напред назад.
После секоја изгубена топка за тебе.
Ја бараше мојата борба
Ти го дадов целото срце
И многу повеќе од него …
Играв низ болка и со пот.
Не затоа што сите го извикуваа моето име
Затоа што  Ти ме бараше од мене
Сторив се за Тебе
Затоа што тоа е  што човекот го прави
Кога ќе го натераат да го почуствува животот
Живото кои Ти ми го овозможи да го почуствувам
Му даде на твоето  шестгодишно момче сон за Лејкерсите
И секогаш сум те сакал за тоа.
Но на сите им е јасно дека ништо не е вечно и не ќе можам да те сакам уште долго.
Оваа сезона е се она што остана од мене, само толку можам да дадам.
Моето срце може да поднесе канонада на бомби,
Мојот ум може да поднесе борба
Но моето тело знае дека е време да речам збогум.
И тоа е во ред.
Подготвен сум да те напуштам.
Сакам да знаеш
Да двајцата можеме да го преживееме овој момент заедно
Добро и лошо.
Затоа што досега  заедно многу  сме дале еден за друг
Се она што имавме.
Ние двајцата знаеме дека без тоа каде патот ќе ме носи
За секогаш ќе останам дете
Со замотани чорапи
Покрај корпата за отпад онаму во аголот
Која полека одбројува секунди
Со топка во рака
5… 4… 3… 2… 1…
Засекогаш ќе те сакам ,
Коби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu