Home / Спортски настани / Како настана Шрек

Како настана Шрек

Морис Тиле познат под имsrek 2ето “Француски ангел“, бил еден  од најпопуларните борачи во четириесетите години од минатиот век во Америка. Она по што Тиле го паметеше целиот свет беше неговата “гломазна“ појава со огромна глава, издолжени вилици, деформирано тело кое настало после тешката болест – акромегалија. Позади надворешното – застрашувачкото тело се криел добар и топол човек со ведар дух и интелект кои ги пленел сите. Во неговиот живо тој оставил голема трага во американското борење како спорт. После повеќе децении од неговата смрт, неговит лик послужи и беше инспирација за создавање на популарниот анимиран лик на јунакот Шрек. Приказната за Морис Тиле започнува во на 23 октомври 1903 година во далечниот Урал во Царска Русија каде што е роден. Тој потекнува од мајка со потелко на Французинка и татко Русин, инжињер на трансибирската железница. На 17 години започнуваат неговите маки, му отекуваат рацете, нозете и внатрешните органи. Две години покасно утврдено е да боледува од акромегалија, ретка болест која настанува со неконтролирано лачење на хормонот за растење, после што некои делови од телото неконтролирано растат. Имајќи во предвид дека болеста споро се развива , најчесто таа се открива тогаш кога веќе главата и поедини делови од телото се деформираи. Па така и телото на Морис Тиле за кратко време доживеало драстични трансформации. Лекарите, болеста акромегалија која ја имал Морис Тиле, а поради нејзината неистраженост ја објасниле со еден инцидент кои тој го имал во раото детството. А тоа било удирањето на srek 3Тиле од страна на мазга во пределот на главата. Лекарите сметале дека ударот предизвикал појава на тумур кој подоцна се развил и ја предизвикал акромегалијата. И покрај страшната болест која ја има Морис Тиле, тој останал голем спортист. Во неговата 23 година кога болеста напредувала, а телото се променило, тој успеал да обезбеди  влез во француската рагби репрезентација.
Во 1937 година Морис Тиле имал средба која му го променила неговиот живот, Во таа година тој се запознава со американскиот професионален борач од литванско потекло, Карл Појело кои во тоа време бил доста популарен во светот на борењето. Карл Појело е роден како Каролис Пожела во Литванија, Како успеше аматерски борач се приклучува во професионалната група на борачи кој патувале од град во град и имале борби.  Мирис Тиле најголеми успеси имал на американско тло каде што ги победил големите шампиони на Америка и Канада.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu