Home / Индивидуални спортови / Боречки спортови / Каде оди македонското борење

Каде оди македонското борење

rvanjeВо која насока оди борењето како спорт и кои чекори да се превземат за тој да се издигне скалило погоре? Ова беа фокус точките на годишното собрание на фередацијата, кое се одржа во Велес. Спортските работници се едногласни дека борењето е на многу ниски гранки, но и дека резултатите сеуште се на добро ниво. Борачите донесоа четири медали од медитеранските игри и беа нашите најуспешни натпреварувачи. „Многуте смени на врвот ,многуте превирања ,беспарици и случно доведоа спортот да ни падне на ниски гранки ,но пак ако ги споредиме вложувањата со некои други спортови ,тогаш ќе видиме дека нашите резултати не се така лоши„вели Насе Насев член на мекедонскиот олимписки комитет. На годишното собрание делеганите во Велес одлучија ,на чело на фередацијата уште еден мандат да добие досегашниот претседател Чедо Николовски. Оценија дека тој направил максимум со тоа што располагал. „Секогаш може подобро и треба ,но јас сум задоволен од досегашната работа затоа што кога дојдов на чело на федерацијата имавме долгови од 60 000 евра. Во меѓувреме не изпуштивме ниту едно натпреварување. Репрезентацијата настапи на сите првенства. Резултатите можеа да бидат подобри ,но што е тука е„вели Чедо Николовски претседател на боречката федерација на Македонија. Од федерацијата изразија голема благодарност за боречкиот клуб Борец кои беа организатори на годишното собрание. Сметаат дека ова ќе даде потстрек за враќање на старите патеки ,кога беа една од најдобрите градски екипи. „Многу е добро тоа што сме во Велес. Јас искрено се надевам дека ќе го вратиме периодот кога борењето беше спорт број еден во градот„вели Јовица Ѓорѓевиќ поранешен претседател на боречки клуб Борец. Боречкиот клуб Борец по неколку годишна пауза повторно е реактвиран. Екипата се натпреварува главно во младите категории. Ги повикаа заинтересираните да дојдат на тренинг ,во просториите на друштвото за гимнастички спортови Партизан и да станат нивни членови.

превземено од: www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu