Home / СУС Велес / Изборно собрание на Сојуз на училишен спорт на Велес

Изборно собрание на Сојуз на училишен спорт на Велес

Во конференциската сала на хотел “Романтик“ на 17.3.2017 год. (петок) се одржа редовното годишно изборно собрание на Сојуз на училишен спорт – Велес. На ова собрание учество земаа 22 професори по спорт и спортски активности од Велес. Како гости на Собранието на СУС – Велес, беа присутни и претседателот на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, проф. д-р  Александар Туфекџиевски и секретарот на федерацијата Герман Боглев. На самото собрание претседателот на ФУСМ во целост даде насоко за работата на  училишните спортски клубови и нивното финасирање.  До кандидационата комисија на Собранието на СУС- Велес имаше поднесена само една кандидатура за претседател и тоа од досегашниот претседател , Славчо Давитковски. По неговото претставување на програмат за работа во наредниот четиригодишен мандат, се пристапи кон гласање и негов избор за нов претседател на СУС – Велес. Со дваесет и еден за и еден воздражан Давитковски беше избран за претседател на СУС – Велес, а за  потпретседател беше избран проф. Љубиша Стојков, а за секретар проф. Весна Николова.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu