Home / Спортски настани / Игор Стефановски Иџе ги советуваше и едуцираше младите велешани

Игор Стефановски Иџе ги советуваше и едуцираше младите велешани

12800325_813782462081142_7004157292713359989_nНа 10.3.2016 год. (четврток) во спортската сала „Гемиџии“ со почеток од 12:00 часот се одржа едукација на младите лица. Двократниот Европски првак во автомобилизам Игор Стефановски Иџе ги советуваше и едуцираше младите велешани за поголема безбедност во сообраќајот со примери од пракса. Кампањата се реализираше под мотото „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“. Настанот го отвори градоначалникот на Општина Велес м-р Славчо Чадиев кои упати и порака до сите присутни за безбеден и здрав живот. Акцентирајки до младите и идни возачи за препазливост во сообраќајот и почитување на сообраќајната сигнализација. Истрајност, храброст и труд но пред сè фер плеј, како во сообраќајот така и во спортот е она на кое што инсиспира шампионот.
За почист воздух во Велес,градоначалникот Славчо Чадиев заедно со Игор Стефановски Иџе засадија садници во градскиот парк се со цел да се даде позитивен пример на младите велешани.
Покрај обраќањето на Иџе, присутните имаа можност да се дружат со шампионот и да се фотографираат, да пробаат да возат на виртуелниот симулатор од академијата на Стефановски.
Изминатите недели караванот ги посети Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и Кавадарци.

 

https://www.facebook.com/cadievslavco/?fref=ts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu