Човековото тело не е само објект кој треба да биде тема за естетско набљудување, туку треба да биде темел на човековото постоење. Човекот постои како телесно суштество. Векот на човечкото тело, неговиот живот, кој е обединет во форма на тело и дух постојано се наоѓа во центарот на анализирање на антропологија и теологијата. Од тие причини неможе да се заобиколи фактот дека она што треба да знаеме за нашата душа, дека треба од време на време да го запрашуваме и телото – за да би биле во хармонија,
која што го води нашиот развој. “Непријателството“ кон нашето тело (кога го преоптеретуваме) потекнува од исконското незнаење дека работата, болката, патењето и борбата може да се надминат единствено преку одржување на рамнотежа во животот. За разлика од душата за која незнаме воопшто ништо, за тоа пак телот е тука, тоа е доследно и сведок на нашето постоење, со неоспорно искуство со кое сме секојдневно. Човековото тело во акција на спортски активности се манифестира преку снагата, духот и телото.
м-р Ангелче Гушев