Home / СУС Велес / Започнува XI училишна спортска манифестација – “Гимназијада“

Започнува XI училишна спортска манифестација – “Гимназијада“

Поттикнувањето на интересот кај младата популација за активно учество во професионалниот и рекреативен спорт, како и заложбите за генерален развој на спортот во Република Македонија се едни од основните принципи на кои е базирана владината политика за поддршка на младите, за нивно правилно насочување и развивање во личности со изразен натпреварувачки дух и креативност, кои ќе ја создаваат и предводат иднината на земјата.Во таа насока, започнувајќи од утре, четврток до сабота, во Тетово ќе се одржат единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка. На натпреварувањето ќе учествуваат околу 1000 средношколци од 56 екипи од средните училишта во државата. Во организација на натпреварите се вклучени над 100 професори по физичко воспитување и образование. „Гимназијада” е одлична можност за социјализација на младите, но и можност за покажување на индивидуалните и колективните спортски квалитети. Свеченото отворање е предвидено да се оддржи во четврток со почеток во 18 часот на градскиот плоштад во Тетово, каде поздравен говор ќе одржат директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, а манифестацијата ќе ја отвори претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

 

извор: http://ams.gov.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu