Home / Спортски настани / Енис Небиовски – иднината на велешкиот и македонски кајак на диви води

Енис Небиовски – иднината на велешкиот и македонски кајак на диви води

%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%812Енис Небиовски уште од мала возраст поради неговата место положба на живеење покрај реката Вардар во Велес, од неговата осумгодишна возраст во 2008 година започнува да ги изучува тајните на кајакарењето на диви води во кајак кану клубот “Вардар“ од неговиот роден град и тоа под менторство на неговиот тренер Димче Стефановски. Од самото вклучување во клубот “Вардар“, кој сеуште му е матичен клуб Енис постигнува значајни резултати во еден од нај атрактивните спортови во Велес и Македонија.  Во последните три години во периодот од 2014 до 2016 година Енис ги има постигнато следните резултати:

2014: – државен пионерски првак во кајак на диви води во Велес
-државен јуниорски првак во кајак на диви води на Матка
-балкански првак во јуниорска категорија (Ниш – Р.Србија)
-прво место на Велес Опен
-прво место на Илинден кајак слалом

2015: – втро место на државното јуниорски првенство
-39 место на Европското јуниорско првенство во Краков Полска
-второ место на Велес Опен
-второ место на Илинденски кајак слалом
-на манифестацијата “Избор на спортист “ рангиран е како втор најдобар млад спортист во град Велес

2016: – државен првак во јуниорска категорија во кајак на диви води на Матка
-30 место на европското јуниорско првенство во Солкан Словенија
-38 место на светското јуниорско првенство во Краков Полска
-осмо место на ИКАС
-второ место на Илинденски кајак слалом
-четврто место на државното сениорско првенство во кајак на диви води на Матка
-трето место на државното првенство во веслање на мирни води во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија во Струга.

Енис е роден на 30 јануари 2000 во Велес. Тој поранешен ученик во општинското основно училиште “Благој Кирков“, а моментално е ученик во трета година во ССОУ “Коле Неделковски“ во Велес. Тој поради големите спортски успеси е член на јуниорската репрезентација на Македонија во кајак на диви води, а воедно е и степендист на Агенцијата за млади и спорт на република Македонија. Можеме слободно да кажеме дека Енис Небиовски според талентот кои го поседува во практикувањето на кајакот на диви води, тој е еден од најсветлите точки на кајакот во Република Македонија со потенцијал за постигнување на големи успеси на европски, светски па и на олимписки натпреварувања.

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu