Home / Спортски настани / Европска недела на спортот

Европска недела на спортот

evropa1Уште една спортска манифестација го збогати и онака богатиот репертоар на спортски настани кои достојно ја вклучија Македонија во Европската недела на спортот. Арената Филип Втори беше полна со млади основци и средношколски спортски ентузијасти.
Уводен говор на настанот имаше Претседателот на ФУСМ проф.д-р Туфекчиевски, а игрите официјално ги отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Марјан Спасески.
“Големо е задоволството да се видат толку голем број на млади луѓе на најубавото спортско здание во Македонија. Интересот за спорт кај младите луѓе ја поттикнува заложбата на Владата на Република Македонија за остварување на сите зацртани проекти од областа на спортот и спортската инфраструктура. Се надевам дека меѓу овие таленти е некој нов репрезентативец во фудбал или Атлетика, а сигурен сум дека многу од овие присутни спортисти се носители на стипендијата “спортска надеж ”, која Агенцијата за млади и спорт ја доделува на талентирани ученици-спортисти”, истакна Спасески.
Актерскиот дел беше во рацете на најдобрите два женски фудбалски тима од основното и две машки средношколски водечки фудбалски екипи. Програмата ја збогатија атлетските содржини кои ја промовираа новата тартан патека и имаа ревијален карактер.

извор: https://www.facebook.com/AMSMacedonia

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu