Home / Спортски настани / Велес ја одбележа Европската недела на мобилност

Велес ја одбележа Европската недела на мобилност

%d0%b5%d0%bd%d0%bc4Во рамките на Европска недела на мобилност на 22.9.2016 год. (четврток) во организација на Општина Велес и со учество на учениците од основните и средни училишта и голем број на граѓани се реализираше годинешнава најголема европска кампања посветена на одржливата мобилност во урбаните средини која се одржува под пораката “Паметното движење – силна економија“.
Целта на кампањата е да се развивава дијалог помеѓу сите засегнати страни за различни аспекти на мобилност, да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорот со што ќе се обезбеди намалување на употребата на автомобилите и намалување на штетните еимисии на гасови во воздухот. Со затворање за сообраќај на улицата „Димко Најдов“ со почеток од 12.00 се пешачеше на предвидената релација а учениците од основните и средните училишта возеа велосипеди. Со ова граѓаните на Велес упатија силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно, треба да се избира „паметен“ начин на транспорт, при што би се користеле предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа би се водело сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.
Европската недела на мобилност се одржува секоја година од 16 до 22 септември, а оваа година до сега пријавени се 2.211 градови. ЕНМ првпат беше иницирана во Франција во 1998 година, а во Македонија официјалното одбележување започна во 2001 година.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu