Во Велес на 22.9.2015 год.(вторник)се реализираше активноста по повод одбележување на „Европската недела на мобилност“ која трае од 16-22 септември .Организатор на активноста на возење со велосипеди беше Општина Велес. Ученици од основните и средни училишта од Велес, граѓани и рекреативци со задоволство беа дел од оваа акција и возеа велосипеди на релација од „Стариот мост” во Велес до вливот на реката Бабуна во реката Вардар.
На овој начин се упатува силна порака дека , со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, да го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето, а се што ни треба е подготвеност одговорно да се однесуваме кон животната средина.
м-р Ангелче Гушев