Home / СУС Велес / Државно првенство во шах во организација на ФУСМ

Државно првенство во шах во организација на ФУСМ

spaseski

На 21.11.2014 год. (петок) во Велес се одржа Државно првенство во шах – основни и средни училишта. На ова државно првенство беше присутен и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески кои воедно беше и во работна посета на Велес.Спасески заедно со градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев свечено го означија почетокот на финалните натпревари од Државното првенство во шах за основни и средни училишта (машки и женски), а на кое учество земаат 120 ученици од целата држава.
Спасески во своето обраќање ги поздрави младите шахисти и истакна дека од овие училишни шаховски првенства очекува Македонија да добие наследници на шаховските олимпијци Трајко Недев, Весна Секуловска, Драгољуб Јаќимовиќ и Елизабета Чолаковска Шпољариќ кои воедно се и носители на Националното спортско признание – спортска пензија.
“Очекувам младите шахисти да ги наследат нашите шаховски олимпијци кои благодарение на големите успеси се стекнаа со Национално спортско признание кое го доделува Агенцијата за млади и спорт – истакна Спасески и ги охрабри младите шахисти да дадат се од себе зошто победниците од ова првенство ќе учествуваат на “Училишниот спортски камп” кој се оддржува секоја година под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука.
Градоначалникот Чадиев се надоврза на Спасески дека една од главните придобивки кај младите претставува социјализацијата и дружењето на младите кои благодарение на шахот и останатите спортски игри се отргнати од пороците на модерното време. Спасески заедно со Чадиев остварија средба со директорите и професорите по физичко образование од основните и средните училишта во Велес за развојот и насоките на училишниот спорт во делот на формирањето училишни спортски клубови.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu