Home / Спортски настани / Да се создадеме вредносен спортски систем

Да се создадеме вредносен спортски систем

Без првото го нема второто. Без вистински вредносен спортски систем, без инвестирање во деца, во училишен спорт, во нормално растење, во здрав дух, во детското спортско витештво во “маалските улички, средените ливади и полиња“, националните стадиони и сите арени ќе бидат само “шпански села“, а со тоа и се оддалечуваат од оригиналната суштина на спортот. Некогаш секое село, секоја фабрика имаше свој спортски клуб, секој град имаше своја општинска лига, трибините од даски и бетон беа исполнети до последното седиште, стоењето беше на загарантирано на зградите и дрвјата околу стадионот. Некогаш фудбал и останатиот спорт се играше од љубов, од бунт и пркос, во секој селски клуб имавте “Пеле или Џордан или Команечи“,.. Денес имаме модерни стадиони, современи спортски терени со вештачки подлоги, со седишта, со ВИП ложи, со гардероби, спортски балон сали и безброј спортски школи, но нашите маалски спортски улички, спортските терени, училишни игралишта, трибини се празни. Денес сите земји од поранешна Југославија имаат помалку професионални фудбалери отколку што имала поранешната држава спортски клубови и вистински спортски мајстори и навивачи ни за лек.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu