Home / Стручни Теми / Грчеви во мускулите – како да ги спречиме

Грчеви во мускулите – како да ги спречиме

misicni-grc-zadnja-lozaМногу ретко се случува лицата кои се занимаваат со спорт, било рекреативно или професионално, да немаат барем некакво искуство со грчеви во мускулите. Кога нормално функционираат напречно-пругастите мускули се потполно под влијание на нашата волја, но кога се во грч мускулите контрахираат независно од нашата волја и не можеме да ги опуштиме. Во суштина грчевите се безопасна појава (иако можат да бидат и исклучиво болни), но мускулот во оваа состојба е надвор од својата функција. Иако грчот може да се јави на кој било мускул, постојат некои мускули кај кои ова почесто се случува. Тоа се мускулот на листот, и бицепсите и квадрибицепсите на ногата. Следни мускули на кои се јавуваат грчевите се мускулите на стопалото, на дланките, рацете, стомакот и мускулите меѓу ребрата.  Симптомите се многу специфични и се карактеризираат со ненадејна и остра болка. Исто така мускулот станува тврд на допир. Присилната контракција (спазам) која го зафаќа мускулот може да трае од неколку секунди до неколку минути. Не ретко се случува мускулот, кога грчот ќе попушти, да се згрчи уште неколку пати пред грчот во потполност да исчезне.

Кога се јавуваат грчевите?
Грчот може да се случи за време на спортување или за време на која било друга физичка активност. Исто така може да се јави и додека седиме, шетаме или спиеме. Некои луѓе се повеќе склони кон грчеви, па кај нив и најмал физички напор може да предизвика грч.
Грчевите често се јавуваат кај спортистите кои се занивамаат со спортови во кои е важна издржливоста (на пр. маратон, триатлон и сл.) Со стареењето веројатноста за појава на грчеви се зголемува. Исто така голема е и веројатноста да се јават кога се вежба на големи температури.

Што ги предизвикува грчевите?
Точната причина поради која се јавуваат грчевите сеуште не е сосема јасна. Логично може да се заклучи дека неадекватното истегнување на мускулите во комбинација со умор на мускулите може да доведе до абнормалности на механизмот кој ги контролира контракциите кај мускулите. Останатите можни причини вклучуваат вежбање на високи температури, дехидрација и дисбаланс на електролитите (магнезиум, натриум, калиум).

Справување со грчевите
Како што споменавме грчевите се повлекуваат самите од себе и обично не е потребна лекарска помош. Самите можете да си помогнете со масажа и истегнување на згрчениот мускул. Може да помогне и ставање на топли облоги, а откако грчот ќе попушти ставањето ладни облоги помага кај болните и осетливи мускули.

Превенција на грчевите
Започнете со постепено доведување на мускулите во форма, со постепено зголемување на оптеретувањато на кои ги изложувате. Исто така, битно е мускулот пред каква било активност убаво да се загрее, а по тренирањето соодветно да се истегне.
Важно е на секој тренинг да одите добро хидрирани и да ја одржувате оптималната хидрација за време на траењето на физичката активност.

Не треба да ја занемарите ни улогата на електролитите во однос на превензијата на грчеви. Кога некој од електролитите е во дефицит, тогаш е оневозможена правилната контракција на мускулите. Ако пиеме само чиста вода, тогаш електролитите се раствораат. За да ја одржат рамнотежата, бубрезите мора да ја излачат таа вода. Но со излачување на водата се излачуваат и електролитите. Според тоа, за време на вежбањето во телото треба да внесувате напитоци кои содржат електролити, кои се губат во текот на вежбањето. Меѓутоа треба да бидете внимателни со популарните спортски напитоци. Тие често содржат зголемена концентрација на натриумови јони, кои ве прават истовремено и хидрирани и дехидрирани. Најдобра опција е самите да направите напиток растворајќи елетролити во прав во вода.  За превенција на грчевите долгорочно може да ви помогнат супрементите на некои минерали. Истражувањата покажуваат дека голем дел од популација има недостаток на магнезиум, минерал кој е важен за контракцијата на мускулите. За постигнување на соодветна концентрација на магнезиум во телото можат да ви помогнат и витамините Е и Д3. Натриумот е уште еден минерал кој се поврзува со превенција на грчевите.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu