Home / Стручни Теми / Предностите на возење на велосипед до училиште

Предностите на возење на велосипед до училиште

Velosipedska-patekaИлјадници и илјадници ученици секојдневно, било во лето или зимо со велосипед патуваат од својот дом до училиштето и назад. Голема е бројката на ученици кои од мали нозе ја развиваат оваа здрава и прифатлива навика. Има ученици кои со велосипед возат и до 15 километри и тоа воопшто не им е проблем. При тоа треба да нагласиме дека тоа не се деца од сиромашни семејства. Напротив  во Холандија велосипед возат и многу богати, и помалку богати и сиромашни. Се разбира дека основен предуслов за да би се остварило ова кај нас во Македонија е квалитетно поврзување со велосипедска инфраструктура . “Ако ја создадеш, тие ќе се појават“, гласи една изјава од филмот “Полето од соништата“.  Предностите  на ваквиот модел на превозен систем се многубројни. Кои не би сакал да своето дете да може безгрижно да го испрати со велосипед во училиште, притоа да знае дека патеките се безбедни, да патеките се прикладно оддалечени  и одвоени од улиците, а онаму каде што не се – да е пропишана брзината на движење на моторните возила и брзината да е доста ниска и да постои полиција која што најригорозно би ги казнувала прекршителите на правилата. Но и да постои таков менаталитет каде што на возачите на моторни возила да не им паѓа на памет да ги кршат законите, не само поради вискоте казни туку и заради високата развиена свест дека помеѓу велосипедистите се наоѓа и некој нивен близок роднина или член на семејството. Замислете колку нашите деца би биле независни да родителите ширум нашите градови,  да немораат родителите со автомобил во градската гужва да ги развозуват своите деца ваму – таму, притоа да ја загадуваат животната средина, а и да  трошат гориво кое воедно го оптеретува семејниот буџет. Колку помалку би имало градска бука ? Колку време ќе се заштеди ? Колку деца би биле здрави и среќни ? (докажано е дека физичката активност поволно влијае на психичката состојба). Колку сите овие позитивни ефекти, позитивно ќе се одразат и на други аспекти на живеењето? Замислете на пример само колку помалку нервозни возачи на превозни средства би имале во сообраќајот ?Но сепак живееме во надеж дека нашите креатори на општетсвените текови, политичарите ќе ги препознаат добрите и сигурни решенија за одржлив сообраќај – систем на превоз со велосипеди, како што тоа го сториле во Холандија  пред повеќе од четириесет години. Но до тогаш уживајте во состојбите од земјите каде што на велосипедските патеки тече “мед и млеко“.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu