Home / Стручни Теми / Влијанието на родителите кон наставничката работа

Влијанието на родителите кон наставничката работа

Beautiful young teacher

Сетете се на своето детсво и своето растење. Сетете се на своите животни лекции кои сте ги научиле во училиштето. Дали подоцна не ви помогнале да пристигнете до саканата цел ? Допуштете им и на своите деца да нешто важно сами воочат и научат.

Многу пати сум во ситуација да работејќи ја мојата професија – наставник да бидам “помеѓу два огња“. Од една страна родителите и нивните дилеми и барања упатени кон училиштето, а од другата страна наставниците и нивните барања насочени кон ученикот и неговото семејството.  Водени се многу разговори, преговори, разгледувани се сите можни опции се со цел да се испадне во пресрет на ученикот … Но заклучок од целокупниот тој макотрпен дијалог помегу наставникот и родителот се сведува до позиција на безпомошност која гласи “и децата не се повеќе тоа  што беа“. Но јас просто сум убеден дека но и праксата ми покажала дека тоа не точно. Без оглед на новите можности, технлошките помагала, напливот на различни и нови модни и јазични трендови, правите вредности и уверувања секогаш се на цена. Функционирањето и снаоѓањето во тимот не ја менува својата форма, само во прашање е колку тие исти вредности и однесувања се форсирани при воспитувањето од страна на родителите.

Дали училиштето е исто  какво што било ? Каков впечаток имате вие ? Доклку го оставиме настрана односот на државата кон образованието, школството, просветните работници и условте за работа, дали учењето е однесување во училишна средина како “живот во мало“ и поната му исто така?

Она што на децата им е најважно е лекцијата која се нарекува “живот и работа во зедницата“. Во совладувањето на оваа лекција во најголема мера  им помага училиштето, другарчињата од одделението или класот и педагошките работници кои работат во училиштето како институција. Вештините, уверувањата, вредностите и саканите однесувања кои децата ги учат во училиштето, сигурно не може да се научат во своето семејство, во својата фмилија. Размислите на следното: дали децата во социјалната средина и во фамилијарното опкружување на ист начин доаѓаат до посакуваната цел ???

Искрено имам впечаток дека родителите немаа многу доверба во наставниците и да премногу се мешатаа во нивната работа и стравот кој се појавува кај наставникот, и со тоа  ја уредуваат училишната средина и клима, онака како што тие мислат дека е најдобро за нивното дете. Но доколку родителите малку подобро размислат би уочиле дека грешат, затоа што во училишната или социјана средина прилагодувањето на потребите на детето има трасиран пат, а со недовербата кон наставниците му правата само “лоша услуга“ на сопственото дете. На тој начин родителите не му овозможуваа на детето на сопствен начин дојде до посакуваната цел и кога не е се совршено, потоа да ги прифати одговорностите  за своите постапки, да погреши, да го поправи своето однесување, или едноставно да научи да живее во група. Сите обврски кои што ги поставува училиштето пред учениците, границите кои постојат во хиерархијата на училишниот систем, како и големината на наградите и казните ги учат учениците да превземаат одговорности за своите постапки, да се снаоѓаат во хиерархиски уредените системи и да знаат колку треба да вложат за да ја постигната саканата цел.ucitel

Сето ова во повозрасните години ќе им бидат од корист , затоа што ќе можат да станат успешни и задоволни граѓани. Во зависност од тоа кои уверувања и однесувања примарно ги истакнува наставникот, учениците на различни начини ќе се однесуваат во групата. Дали во одделениетот или класот ќе работат тимски, дали ќе помагаат еден на друг, дали се мотивирани да учат и во која мера се дружат помеѓу себе во голема марка зависи од нставникот. Би било најдобро за сите нас односот помеѓу родителот и училиштето да биде добар, позитивен, поддржувачки и кооперативен, затоа што на тој начин ги поставуваме децата кон правилен развој во прв план, а не своите суети, комплекси или нашата гордост.

Сетете се на своето детсво и своето растење. Сетете се на своите животни лекции кои сте ги научиле во училиштето. Дали подоцна не ви помогнале да пристигнете до саканата цел ? Допуштете им и на своите деца да нешто важно сами воочат и научат.

м-р Ангелче Гушев

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu