Home / СУС Велес / Велосипедска тура Велес – Војница во знак на делото на Коле Неделковски

Велосипедска тура Велес – Војница во знак на делото на Коле Неделковски

Во рамките на одбележувањето на 76 години од смрта на Коле Неделковски, кое се одржа на 4 септември 2017 год. (понеделник), училишниот спортски клуб “Коле Неделковски“ – УЗУС“ од Велес кои делува при истоименото училиште ja организираше втората велосипедска тура “Војница 2017“ на релација Велес – Војница – Велес, родното место на Коле Неделковски. На оваа велосипедска тура со должина од 30 километри, учество земаа 15 ученици и наставниците по спорт и спортски активности од училиштето. На 2 септември , денот кога во 1941 година трагично го заврши својот живот младиот македонски поет и револуционер, Коле Неделковски, воедно беше одбележан и со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на поетот во село Војница од страна на Општина Велес и Општина Чашка, Директорот и Наставничкиот совет на училиштето, Сојузот на борците, Здружението на пензионери и делегација на ООУ “Тодор Јанев“ од Нас. Чашка. Ученици од училиштето ССОУ “Коле Неделковски“- Велес читаа стихови од објавените стихозбирки „Пеш по светот“ и „М’ лскавици“, а воедно и присутните ја посетија и спомен собата која е сместена во просториите на училиштето.

Воедно друштвото на писатели на Велес имаа пригодно излагање за ликот и делото на Коле Неделковски , а г-нот Васил Тоциновски, публицист одржа и предавање за ликот и делото на Коле Неделковски.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu