Home / Спортски настани / Велосипедска трка “Трофеј Димитрија Чуповски“

Велосипедска трка “Трофеј Димитрија Чуповски“

velo trka 15-969648b93aВо организација на Велосипедската Федерација на Македонија и МВК ВЕЛЕС на 11.7.2015 год. (сабота) се одржа Велосипедската трка “Трофеј Димитрија Чуповски“, единаесети поред во низа. Во рамките на оваа велосипедска трка беа поставени повеќе делници според возраста и категориите на учесници, а тоа беа следните патеки:
– за У-13; Велес – с.Стари град – с.Оморани должина 30 км,
– за У-15 ; Велес – с.Стари град – с.Оморани – с. Богомила должина 45 км
– за жени и кадети; Велес – с.Стари град – с.Оморани – с. Богомила – с.Папрадиште должина 58 км
– и за Мастерс, Јуниори и Сениори; Велес – Градско – Росоман – Велес – с.Стари град – с.Оморани – с. Богомила – с.Папрадиште должина 116 км
Стартот на трката беше во 10:00 часот, пред Хотел Интернационал, Велес, а целта: за У-13 во с.Оморани; за У-15 во с. Богомила. За сите останати категории во с.Папрадиште.
Сите седумдесет и пет велосипедисти стигнаа на целта и го завршија натпреварувањето „Трофеј Димитрија Чуповски“, во с. Папрадиште.
Прв на целта од најстарата возрасна категорија,  Мастерс, стигна четириесет и седум годуишниот Зоран Ристовски од велосипедскиот клуб Velo-M од Куманова, а второ пласиран беше 43 годишниот Дејан Новковски од велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје.velo trka 17-6c8f67a295
Во категорија Сениори златниот и сребрениот медал им припадна на Никола Ѓукиќ и Стефан Петрески исто така од  Velo – M од Куманова. Трето пласиран беше гостинот од Косово Кендрим Гури.
Покрај велосипедистите кои возеа релација Велес Градско Велес с.Папрадиште, помладите учесници во зависност од категориите до 18 години,  возеа релација Велес с. Папрадиште.
На целта пристигна и единствената дама на трката Анета Антовска која се закити со златен медал. Во категорија јуниори пак златниот медал го освои Денис Колевски од велосипедскиот клуб Velo – M од Куманово. А во конкуренција кадети најдобро пласиран беше Кирил Лучевски од велосипедски клуб Илинден од Прилеп.

Пласман по категории на “Трофејот Димитрија Чуповски“ :
Сениори
1. Никола Ѓукиќ Вело-М
2. Стефан Петровски Вело-М
3. Ќендрим Гури Косово
Јуниори
1. Денис Колевски Вело-М
2. Валентин Ковачев ЦСКА
3. Марио Велев ЦСКА
Кадети
1. Кирил Лучески Илинден
2. Кристијан Ванчевски МВК Велес
3. Александар Филиповски МВК Велес
Мастерс
1. Зоран Ристовски Вело-М
2. Дејан Новковски Енерџи
3. Јане Трифуновски Енерџи
У-15
1. Даниел Мојсоски Спид бајк
2. Виктор Ванчевски МВК Велес
3. Јован Настов МВК Велес
У-13
1. Димитар Јованоски Екодром
2. Александар Ѓеорѓиески Екодром
3. Лука Димитријоски Спид бајк
Жени
1. Анета Антовска Енерџи

Извор: http://velestvonline.com

           https://www.facebook.com/mvkveles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu