Home / Стручни Теми / … за Велешкиот ракомет и неговиот развој во иднина !!!

… за Велешкиот ракомет и неговиот развој во иднина !!!

veles1Постигнувањето на гол е круна во ракометната игра. Најдобрите стрелци се големи ѕвезди, а тоа е за играчите кои господарат со просторот и остануваат најзаслужни играчи, а всушност ја одработуваат најголемата работа на теренот. Во ракометот обично тоа се пивотмените, се додека средните бекови треба да ја разигруваат целата екипа и да даваат содржина на играта. Крилата треба да бидат квалитетни стрелци и на играта да и даваат силно темпо и најчесто атрактивност во целиот натпревар. Оние кои се сеќаваат на ракометната игра од пред не многу одамна, во времето на поранешната ЈУ република за овие состојби беа задолжени Миле Исаковиќ, Ирфан Смаилагиќ , а во современиот ракомет Лук Абало или словенецот Драган Гајиќ.
Но најдобри стрелци се бековите. Од нив се живее и за нив се живее и за нив се гине, така кажуваат старите ракометни пословици.  Ако се анализира велешкиот ракомет, мораме да превземеме многу работи од екс југословенскиот ракомет и да го пренесеме кај нас. Тука многу може да се научи за самодисциплината , конкретно кај младите ракометари. Треба да се потрудиме да кај младите категории велешки ракометари им се објасни, а воедно и да разберат што значи да се тренира и дека тоа треба го работат за себе и за ракометната екипа која сите во Велес ја сакаат и почитуваат, а тоа е ГРК Борец. Младите треба да разберат дека тие го играат ракометот пред се за себе, а не за тренерот… Таа самодисциплина е голем предизвик кој треба да се наметне кај младите ракометари. И втората многу важна ситуација која што треба аналитички да се согледа во велешкиот ракомет е работата со младинските категории во клубот, а потоа да се унапредува работата со сениорската екипа. Успехот после работата со младите категории сам по себе, за три до четири години ќе исплови на површина, а потоа резултатите ќе бидат видливи во сениорскиот тим. Ќе играме со велешки деца… Кога веќе на некој начин се создава стабилна финасиска состојба во велешкиот ракомет можеме да планираме активности за периодот кои ќе следи во наредните години.
Со ова сакам да наметнам и да потенцирам една нова состојба и нов пристап во велешкиот ракомет, а која се однесува на големо внимание на младинските категории многу посериозно одколку сега.
Знам во каква состојба и колку се можностите за финасирање на велешкиот ракомет од страна на локалните власти кои безрезевно даваат поддршка на ракометот, но можеме да направиме голем исчекор во велешкиот ракомет ако го фаворизираме младинскиот велешки ракомет кои мора да ни биде фокус и основна цел, не само во рамките на ГРК Борец, туку и во генералната политика во развојот на ракомето во градот.
И како за крај го предлагам следното: треба да се соберат сите четири категории ракометари во Велес, со нив да работат минимум осум тренери, а воедно и да се направи целосна дијагностика на секој играч поединечно. Предлагам да се воведат сите четири ракометни категории во една информатичка програма, а со тоа да создадеме една база на податоци и во наредните четири години да паралелно и интензивно се следи работата на сите категории и за секој играч индивидуално. После секој реализиран тренинг или одигран натпревар имаме комплетна анализа, која што ќе биде впишана во базата на податоци. Еднаш на две недели (а и по одигран натпревар) комплетно да се анализира работата на играчите и тренерите, а со тоа ќе имаме можност да ги согледуваме резулатите и ќе можеме да креираме програма за наредните периоди. Мора во редовите на управата да се појави статистичар … Мораме да создаваме велешки ракометари, затоа што веќе одамна помина времето кога Велес даваше ракометари. Сега сме во состојба само да “увезуваме“ играчи, а не да “извезуваме“ играчи. Мораме да создаваме играчи кои ќе бидат столбови во првата сениорска екипа на ГРК борец, затоа што дојде време кога веќе Велес неможе да се пофали со играчи испаднати од нашиот град, се извинувам на чесните исклучоци …. И на крај не можеме да го оставиме по страна и “осмиот“ играч на ГРК “Борец“ … велешките “Гемиџии“ кои секогаш го оставале срцето за велешкиот ракомет и во многу ситуации биле од голема помош за градскиот ракомет клуб.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu