Home / Спортски настани / Велешкиот ракомет повторно во Супер лигата

Велешкиот ракомет повторно во Супер лигата

borec1Градскиот ракометeн клуб “Борец“ по неколкугодишно отсуство повтроно  се враќаат во нај елитното ракометно друштво – супер лигата. Со победата над РК “Текстилец“ со 27 наспроти 23  и полувреме (9:13), велешките ракометари повторно во супе лигата. За потсетување РК “Борец“ во 1994 година беше победник  на Купот на Македонија, а следната 1995 првак на Македонија. Потоа поради промени во самиот клуб, следуваше период на просечни резултати и испаѓање од лигата. Во клучниот бараж натпревар во првото полувреме во СРЦ Кале во Скопје не оддаваше впечаток дека велешани ќе бидат победници, бидејќи РК “Текстилец“ имаше предност од 13-9. Потоа во вториот дел дојде целосен пресврт и откако ГРК “Борец“  прво израмни резултатот  на 19-19, а пота преминаа и во водство за истото да го зголемија на 25-21 Кај велешките ракометари најдобри беа Зоран Стојановски со 9 гола и Ивица Лазаревски со 8 , а кај РК “Текстилец“, Марјан Савев со 7 и Оливер Пешовски со 8 беа нај добри на натпреварот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu