Home / Спортски настани / Афионов цвет во знак на хероите

Афионов цвет во знак на хероите

458619350Веројатно сте забележале дека многу  играчи во Англија, без оглед на лигата, секоја година во ова време носат мал црвен цвет на дресот, а менаџери обично истиот цвет го пришиваат на  своите палта и јакни.

За што всушнст станува збор?
Всушност, тоа е афион цвет кој се носи во знак на сеќавање на сите жртви на Првата светска војна. Самата традиција на одбележување беше лансирана поради воената  поема “На полињата на Фландрија ” напишана од потполковник Џон Мек Креј, а инспирацијата за неа ја има добиено од погребот на еден негов пријател, кој бил  убиен во таа борба. Според легендата, тој не бил  незадоволен од поемата и при тоа тој  фрлил  хартијата на која е напишана, но другите војници ја зачувале хартијата  и поемата до  денес е еден од најпознатите симболи и сеќавањата на ужасите на Првата светска војна.

Но зошто е  цвет од булка?
После рововската војна во уништената  Фландрија за време на Првата  светска војна, за прв пат биле користени боеви отровни гасови, тенкови и различни  тогашни современи оружја за масовно уништување. Земјата била разорана, растителниот и животинскиот свет уништени. Војниците биле масовно  погребани , а на секаде  било пустош.  Првите растенија кои започнале  да растат во вечниот покој на многу херои, бил  цветот на  див афион со црвена крвава боја. И поради таа  сцена на црвеникава покривка на афионовите полиња која можела да се  види, се зема како знак на сеќавање на паднатите херои на Првата светска војна.
Црвеното афионово  цвеќе обично носи една недела пред 11 ноември, а тоа е денот од последниот  прекин на огнот за ставање на  крај на крвопролевањето и потпишан токму на тој датум. Црвена булка е симбол на паднатите борци во Велика Британија, Канада, САД, Австралија и Нов Зеланд.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu