Изминатиот викенд во Велес се одржа четвртиот турнир во одбојка на песок. Учествуваа 14 пара, осум во машка и шест во женска конкуренција од Србија, Косово и Македонија. Во машка конкуренција победија Димовски и Апел кој со 2:0 ги победија Колев и Давчев. Третото место го освоија косовците Ибраими и Бериша. Во женска конкуренција победија косовките Јашари и Ибраими. Тие беа подобри од Ружиновска и Георгиевска со 2:1. Третото место беше за Ивановска и Ефремовска. Натпреварите ги судеа О. Амбарков и И. Белевски. Организатор на турнирот беше ОК Борец Брако а финансиски помогнат од Општина Велес.
проф. Ангелче Гушев