Хроничарите на развојот на спортот денес се едногласни во оценката дека етничката, половата и расната припадност кои некогаш биле отворена пречка или во еден период биле прикриен лимитирачки фактор за учество во спортски активности, денес се надминати и трансформирани во нерелевантни и нелимитирачки фактори. Но, еден од факторите кои се уште има силно влијание е економско-социјалниот статус како латентна пречка за индивидуален пристап до одреден спорт, доколку истиот бара позначајни финансиски инвестиции во смисла на опрема и тренинг, а во неможност од финансирање од надворешни извори.
м-р Ангелче Гушев