Една од методите за проценување на телесното држење, а која спаѓа во индиректните методи е методот кога субјектот се споредува со однапред подготвени цртежи или слики , а тоа тестот на Државата Њујорк . Методата (Тестот на Државата Њујорк) се состои во тоа што оценувачот треба да спореди одредени сегмети од телото на единката со постоечки 13 нацртани делови на телото со по три слики како критериум. Оценувањето се врши со 1, 3 и 5 поени. вкупниот збир може да изнесува од 13 до 65 поени. Целокупните сегменти за оценување ги имате тука: Testot na drzavata Njujork
Овој материјал беше презентиран на семинарот “Континуирана едукација за часот по физичко образование“ одржан во Куманово на 23.9.2014 год, од страна на професорот од ФФК, Серјожа Гонтарев
проф. Ангелче Гушев