На 11.3.2022 год. (петок) во хотелот Интернационал во Велес се одржа годишно – изборно собрание на Сојузот на училишен спорт на Велес .На Собранието се разгледа извештајот за работа и финасискиот извештај на СУС Велес за изминатиот период.
Поради изборниот карактер на Собранието се премина на избор на нов претседател на СУС – Велес. Од страна на членовите на сојузот едногласно беше избран Иле Попов за нов претседател на СУС – Велес.
м-р Ангелче Гушев