Откривањето на велосипедот не е поврзано за одредено време или конкретен пронаоѓач. Низ историјата имало повеќе примери на возила управувани од човечката моќ и сила , но често тоа биле примери со сосема различен концепт од денешниот велосипед. Лицето кое се спомнува како прв возач на велосипед е германски Барон Карл фон Драис , кој во 1817 година се појавува со своевиден тип на велосипед на буткање и воедно го нарекува Дрансин, а кој се уште постои и може да се види во музејот Пале Хет Ло во Апелдорн , Холандија . Помеѓу 1850 и 1860 години Французинот Ернест Mишо со својот ученик Пјер Лалемент развиваат велосипед со педали на предното големо тркало . Тој велосипед подоцна Ернест Mишо и го патентира. Овие велосипеди биле опасни и тешки за да се управуваат и да се движат, бидејќи падовите од него биле честа појава . Проблеми со управување се намалени со воведување на кормилото за управување и поместување на седиштето во подобра позиција , но вистинскиот напредок е постигнат со воведувањето на преносен погон со синџирот преку диск кој е дизајниран од Џ.К Старли и Џ.Х. Лаусон. Стралеовиот модел на велосипед од 1885 година, обично се смета за првиот модерен велосипед. Понатамошно подобрување на велосипедот е воведувањето на пнеуматски гуми во 1888 година, а тоа го сторил и вовел шкотланѓанецот Џон Бојд Данлуп . Основниот концепт на велосипедот до денешен ден драстично не се променил , освен што технолошките достигнувања направија да се употребуваат квалитетни материјали во изработката и велосипедите. Денес тие се далеку безбедени за употреба. Велосипедот денес често се користи во сообраќајот, потоа како форма на забава, како и во спортски активности . Бидејќи се релативно евтини за производство и достапни се до сите денес тој е најраспространетото транспортно средство . Се претпоставува дека во светот денес има над 1.000.000.000 велосипеди !
проф. Ангелче Гушев