Home / Индивидуални спортови / Останато / Појавата на велосипедот

Појавата на велосипедот

Ordinary_bicycle01Откривањето  на  велосипедот  не е поврзано  за одредено време или конкретен  пронаоѓач. Низ историјата имало повеќе примери на возила управувани од  човечката моќ и сила , но често тоа биле примери со  сосема различен  концепт  од  денешниот велосипед.  Лицето кое се спомнува како прв  возач на велосипед е германски Барон Карл фон Драис , кој во  1817 година се појавува со своевиден  тип на  велосипед  на буткање и воедно го нарекува Дрансин, а кој се уште постои и може да се види во  музејот Пале Хет Ло  во Апелдорн , Холандија . Помеѓу 1850 и 1860 години Французинот Ернест Mишо со својот ученик Пјер Лалемент развиваат  велосипед со педали на предното големо  тркало .  Тој велосипед подоцна Ернест Mишо и го патентира. Овие велосипеди биле опасни и  тешки за да се управуваат и  да се движат, бидејќи падовите од него  биле честа појава . Проблеми со управување се намалени со воведување на кормилото за управување  и поместување на седиштето во подобра позиција , но вистинскиот напредок  е постигнат со воведувањето на преносен погон со синџирот преку  диск кој е дизајниран од Џ.К Старли и Џ.Х. Лаусон. Стралеовиот  модел на велосипед од 1885 година,  обично се смета за првиот модерен велосипед. Понатамошно подобрување на велосипедот е  воведувањето на пнеуматски  гуми во  1888 година, а тоа го сторил и вовел   шкотланѓанецот Џон Бојд  Данлуп . Основниот концепт на велосипедот  до денешен ден драстично не се променил , освен што технолошките  достигнувања направија  да се употребуваат  квалитетни материјали во изработката и велосипедите. Денес  тие се далеку безбедени за употреба. Велосипедот  денес често се користи во сообраќајот, потоа  како форма на забава,  како и во спортски активности . Бидејќи се  релативно евтини за производство и достапни се до сите  денес тој е најраспространетото  транспортно средство . Се претпоставува дека во светот денес има над  1.000.000.000 велосипеди !

проф. Ангелче Гушев

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu