Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт. Федерацијата на училишен спорт на
Македонија го изготви овој проект со основна цел да се унапреди училишниот спорт со зголемување на бројот на ученици вклучени во спортските активности и системот на натпревари во учебната 2017/18 година. Во рамките на овој проект во Струмица во СОУ “Никола Карев“ се реалзираше меѓузонски натпревари во одбојка – машки кој се одигра на ден 9.11.2017 год. (четврток) во конкуренција на средни општински училишта од Источниот регион на ФУСМ. Одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски зема учество на овој прв турнир заедно со екипите на средните училишта од Струмица. Одбојкарската екипата на ССОУ “Коле Неделковски ја предводеше наставникот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев. Во рамките на овој државен проект следуваат и натпреварите во одбојка кој треба да се реализираат во Источниот регион и тоа во Велес.
м-р Ангелче Гушев