Home / СУС Велес / Одбојкарите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ најдобри  во општина Велес

Одбојкарите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ најдобри  во општина Велес

Во организација на Сојузот на училишен спорт на Велес, на 15.10.2025 год. (среда) се организирааше општинската лига во одбојка (машки) за средно образование. Натпреварите се одиграа во спортската сала при ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ во Велес.

Одбојкарската екипа на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ – Велес

Во финалниот натпревар кои се одржа помеѓу екипите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“и СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ подобри беа одбојкарите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ кои победија со 2:0 во сетови.

Одбојкарите на СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ – Велес

За екипата на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ настапија: Давид Николов 4-5,  Дарко Жабев 4-4, Драган Ставрев  3-1, Петар Неделчев 4-3, Лука Панов 3-8, Павел Димовски  1-1, Стефан Димовски 2-8,  Андреј Крчмаров 2-7 клас, Бојан Анишиќ  4-4 клас и Марко Ангелов 4-4 клас.

Одбојкарската екипа ја предводеше наставникот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев. Со оваа екипата на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“  продолжува на зонските натпревари во рамките на Федерација на училишен спорт на Македонија – Зона Велес. Натпреварите ги судеше интернационалниот одбојкарски судија Орданче Амбарков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*