Силвио Берлускони важи за еден од најконтаверзните сопственици во светот на фудбалот, но и за човек кој цел живот го следат многу скандали и расипничко-раскалашен живот на милијардер. Дали годините кои ги има си го прават своето, или пак расипничкиот начин на функционирање го има научено да не знае кога да сопре со коментарите, а воедно и да размисли што да каже пред некој свој коментар или став. Но Берлускони даде една од своите најскандалозни изјави што досега ја има дадено, а која би можела да ги размрда темелите на преговорите кои трајат подолг период. “Комунистичките Кинези за јадење ги јадеа своите мали деца, Тоа е вистина. Имаа големи кинески семејства во кои децата им умираа, затоа што мајките немаа доволно млеко да ги дојат. Затоа оставаа да им умре по некое дете, а потоа го готвеа за прехрана на другите деца. Зар треба и Милан да се препушти на такви луѓе“ , зачудено се запрашува Берлускони, пренесува Фудбал Италија.