Многумина споменуваат дека постои посебен тренинг за дефинирање и дизајнирање на мускулатурата и тоа со повторувања од 20-30 пати на определена физичка активност. Ова целосно е бесмислено, а без да се знае дека дефиницијата на “вистинскиот мускул” е во кујната. Исто така, голема грешка е и верувањето дека мастите може да се отстраната на пример со подигање на трупот од лежење на грб и лежење на мев (стомачни и грбни). Со овие подигања само ги стимулираме мускулните групи … Треба да се знае дека масти се топат по целото тело, а не како вие сакате, прилагодувајте ја исхраната со вежбањето и тренингот и ќе бидете многу задоволни … Мојата дефиниција на мускулната маса претставува: ” Дефинирањето на мускулите е во однос на масното ткиво, која го прекрива мускулут – значи ако имаме мал процент на масно ткиво ние ќе имаме квалитетна мускулна дефиниција.
проф. Ангелче Гушев