Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, во соработка со Федерацијата на училишен спорт на Македонија и под покровителство на Владата на Република Македонија, Агенцијата за Млади и спорт на Р. Македонија и Mинистерството за образование и наука – Биро за развој на образованието, ќе го организира семинарот ,,КОНТИНУИРАНО УСOВРШУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ПО ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, ОСНОВА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО НАПРЕДУВАЊЕ , 2013 година” .
Семинарот ќе се одржи на 5.12.2013 (Четврток)- Велес во Основното Училиште „Блаже Конески“ со почеток во 9.00 часот за следните општини: (Гевгелија, Богданци, Кавадарци, Неготино, Куманово, Св. Николе, Демир Капија, Чашка, Лозово, Градско, Росоман, Дојран Валандово, Старо Нагоричане, Липково);
ТЕМИ НА СЕМИНАРОТ
На семинарот ќе се презентираат теми од различни спортови и содржини.
1. Гимнастика – сложени форми на методско-организиациона работа во наставата, модели на подготовка, планирање и програмирање, можност за усовршување на физичките способности.
2. Атлетика – сложени форми на методско-организиациона работа во наставата, модели на подготовка, планирање и програмирање, можност за усовршување на физичките способности.
3. Одбојка – сложени форми на методско-организиациона работа во наставата, модели на подготовка, планирање и програмирање, можност за усовршување на физичките способности.
4. Фудбал – сложени форми на методско-организиациона работа во наставата, модели на подготовка, планирање и програмирање, можност за усовршување на физичките способности.
5. Кошарка – сложени форми на методско-организиациона работа во наставата, модели на подготовка, планирање и програмирање, можност за усовршување на физичките способности.
6. Ракомет- сложени форми на методско-организиациона работа во наставата, модели на подготовка, планирање и програмирање, можност за усовршување на физичките способности.
7. Превенција и корекција на деформитетите кај учениците
8. Актуелности во училишен спорт
9. Психосоцијални аспекти на физичкото образование
10. Актуелности во наставата по физичко образование
11. Физичката активност и исхраната
12. Промоција на новите наставни содржини во наставата по физичко образование