Извршниот одбор на здружението на граѓани Вардарска регата “Гемиџии“ на 31.10.2013 год. (четврток) изврши посета и увид на моменталната состојба на подготовката и изградбата на гемијата која се изработува со автентичен лик на правата гемија со која пловеле нашите сограѓани – Гемиџиите. Треба да нагласиме дека костурот на Гемијата е готов, остануваат да се изработат страничните делови на објектот, подот и нејзина конзеравција и заштита. Гемијата е со должина од 5, 20 метри и широка околу 2,50 метри. Ликот на гемијата е еднаков како првата гемија само што од практични причини е пропорционално намалена. Оваа автентична гемија за прв пат ќе заплови во реката вардар во месец јуни наредната година на Вардарска регата “Гемиџии 2014“, а воедно истата ќе биде изложена во централното градско подрачје на Велес како туристичка атракција на нашиот град. Целокупните активности поврзани со изработката на гемијата е во соработка со Градоначалникот на Општина Велес .
проф. Ангелче Гушев
www.vardarskaregata.mk