Home / Спортски настани / Започна градбата на Гемијата

Започна градбата на Гемијата

стевеИзвршниот одбор на здружението на граѓани Вардарска регата “Гемиџии“ на 31.10.2013 год. (четврток) изврши посета и увид на  моменталната состојба на подготовката и изградбата на гемијата која се изработува со автентичен лик на правата гемија со која пловеле нашите сограѓани – Гемиџиите.  Треба да нагласиме дека костурот на Гемијата е готов, остануваат да се изработат страничните делови на објектот, подот и нејзина конзеравција и заштита. Гемијата е со должина од  5, 20 метри и широка околу 2,50 метри.  Ликот на гемијата е еднаков како првата гемија само што од практични причини е пропорционално намалена. Оваа автентична гемија за прв пат ќе заплови во реката вардар во месец јуни наредната година  на Вардарска регата “Гемиџии 2014“, а воедно истата ќе биде изложена во централното градско подрачје на Велес како туристичка атракција на нашиот град.  Целокупните активности поврзани со изработката на гемијата е во соработка со Градоначалникот на Општина Велес .

проф. Ангелче Гушев

www.vardarskaregata.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu