Home / Спортски настани / Европската недела на мобилност одбележана во Велес

Европската недела на мобилност одбележана во Велес

Десет ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес предводени од професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев земаа учество во манифестацијата Европска недела на мобилност која се реализираше на 22.9.2017 год. (петок), а во организација на Општина Велес и тоа со учество на учениците од основните и средни училишта.  Годинешнава најголема европска кампања посветена на одржливата мобилност во урбаните средини која се одржува под пораката “Споделувањето те движи напред“. Целта на кампањата е да се развивава дијалог помеѓу сите засегнати страни за различни аспекти на мобилност, да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорот со што ќе се обезбеди намалување на употребата на автомобилите и намалување на штетните еимисии на гасови во воздухот. Со затворање за сообраќај на улицата „Димко Најдов“ со почеток од 12.00 часот  на предвидената релација, а учениците од основните и средните училишта возеа велосипеди. Со ова граѓаните на Велес упатија силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно, треба да се избира „паметен“ начин на транспорт, при што би се користеле

 

предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа би се водело сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.Европската недела на мобилност се одржува секоја година од 16 до 22 септември, а оваа година до сега пријавени се 2.211 градови. ЕНМ првпат беше иницирана во Франција во 1998 година, а во Македонија официјалното одбележување започна во 2001 година.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*