Хозе Мурино очигледно ја свати својата грешка, кога челзиевата лекарка Ева Карнеиро ја исфрли од од кампот и од клупата, па според пишувањето на медиумите на Островото и порача таа да се врати во екипата.
Но на Ева Карнеиро дефинитивно не и паѓа на ум тоа да го стории. Според сведоштвото на нејзините пријатели, таа веќе има ангажирано адвокати и подготвува тужба против контравезниот менаџер на шампионот на Англија.
Да се потсетиме Ева Карнеиро веќе шест години е член на стручниот штаб на екипата од Лондон. Покрај тоа поради својата убавина и грациозност честопат таа беше во медиумите на голема радост на “плавите“.
Но Мурињо беше немилосрден, па на натпреварот против Свонси таа доби жестока критика на теренот, каде што според мислењето на Мурињо таа имала непотребно влегување во теренот за да му помогне на Азар и на тој начин ја оставила екипата со играч помалку во одлучувачките моменти на натпреварот. Мурињо ја опцу Ева, велејќи и дека е курвина ќерќа.
Медиумите пишуваат дека лекарката Ева Карнеиро овој потег на Мурињо не може да му го прости од причина што тоа се “сексистички“ кометари во 21 век, а згора на тоа е и нејзиното отстранување од клупата на Челзи и покрај нејзината голема и професионална посветеност на работата во клубот.
Ева Карнеиро веќе ангажирала адвокати , што е веќе знак дека таа ќе поведе легална битка против Челзи во врска со кршењето на нејзините работни односи, а воедно ќе побара и голема оштета .