Гемијата е веќе изградена. Извршниот одбор на здружението на граѓани Вардаска регата “Гемиџии“ денес на 4.11.2013 год. (понеделник) го посети градителот на гемијата мајстор Стеве. Воедно денес беше и за прв пат направена и телевизиска снимка на гемијата и тоа од страна на редакцијата на Утринската програма на локалната ТВ Канал 21. При самото симање имаше и изјави од страна на членовите на извршниот одбор за целокупните активности поврзани со градењето на гемијата.
проф. Ангелче Гушев